Дел од Маџир Маало утре без вода

Од ЈП “Водовод и Канализација“ известуваат дека утре поради реконструкција на водоводна мрежа од ф - 100 мм на Кеј 13 - ти Ноември бб, во периодот од 08.30 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Маџир Маало.