Прекин на водата во Маџир Маало, ќе се работи на водоводната мрежа

Од ЈП Водовод и канализација, од 9 часот, ќе работат на реконструкција на водоводната мрежа на Кеј 13 Ноември. Поради тоа, најавуваат, без вода ќе остане Маџир Маало. 

„На ден 20.08.2021 г. поради реконструкција на водоводна мрежа ф-2“ на Кеј 13 Ноември бб, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Маџир Маало. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од  09:00 часот до завршување со активностите“, се вели во нивното соопштение.