Поради верскиот празник Духовден, денеска (сабота) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен, со исклучок на линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.
Утре (недела) сите возила од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Денеска сите билетарници и центри за персонализација ќе имаат редовно работно време.
Жичницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, информираа од ЈСП.