Дел од Карпош без струја, вода ќе нема на две улици од Центар

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска 31.08.2022 година (среда) поради веке закажани технички зафати во системот без електрична енергија ќе останат:

-во време од 09.00 – 12.00 часот корисниците од ул. Прашка (о. Карпош).

Поради уличен дефект на приклучна водоводна цевка Ф-2 денеска ќе има прекин на водоснабдувањето на дел од булеварот „Страшо Пинџур”, ул. „Пролет” и „Цицо Поповиќ”, известува јавното претпријатие „Водовод и канализација” Скопје.

– Ве известуваме дека на ден 31.08.2022год поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф-2″на булевар Страшо Пинџур бр.11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истиот булевар, ул. Пролет и Цицо Поповиќ, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот, се вели во соопштението на претпријатието.