Дедо Мраз ќе пристигне со хеликоптер

Денеска во касарната “Страшо Пинџур“ во Петровец ќе се одржи традиционалното пристигнување на Дедо Мраз со воен транспортен хеликоптер кој е во стоставот на Армијата. Притоа ќе бидат доделени пакетчиња на деца на припадници на Армијата и Министерството за одбрана.

Оваа активност, која традиционално се одржува секоја година во пресрет на новогодишните празници, особено е интересна за најмладите не само поради симболично пристигнување на „Дедо Мраз“ со хеликоптер, туку и можноста да ги разгледаат армиските хеликоптери.