Повремено дожд и северен ветер денеска - прогноза на УХРМ

И денеска променливо облачно време, наместа со повремени врнежи од дожд, прогнозираат од УХРМ. 

Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 19 степени. 

Во сабота ќе има преодно стабилизирање на времето, а потоа во следните денови во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во пораст.