Дац стана дедо, внуката доби оригинално име

Македонскиот актер и пејач Драган Спасов – Дац ја сподели среќната вест дека станал дедо. Имено, син му Јаков Спасов и неговата сопруга Софија станаа родители на ќерката Гаиа, која е прво дете на двојката.

 По тој повод, Дац напиша емотивна објава на Фејсбук ѝ посвети песничка на својата внука.

„Секогаш кога ќе се роди некое чедо, земјата станува потешка за околу 3,5 килограми, станува посреќна за илјадници срцебајти, станува помудра, пољубовна поубава, понежна… така земјата прави рамнотежа со ѕвездата што се раѓа во негова чест. Во тој миг насмевките се зголемуваат на најмалку илијадници усти а планетата благо трепери од нивната моќ. Всушност така планетата се врти, се движи и патува низ непрегледната вселена. Во тој миг мајката се претвора во водопад а таткото во најсилниот вулкан за да го извикаат името на своето чедо кое ја има енергијата на своите предци! Добредојде на планетава внуко моја Гаиа! И сакам да знаеш дека… Ќе ти ја сакам косата, убавото носе и насмевката. Ќе ти ги сакам очите, и веѓите и трепавиците. Ќе ти го сакам грлото, и плачот и гласот. Ќе ти ги сакам прстињата, и рачињата и ноџињата Ќе ти сакам се’ а најмногу добрината! Твојот дедо Дац“, напиша актерот на Фејсбук.