Д-р Пановски: За сојот омикрон, вакцините едвај штитат 30%

Вакцините на почетокот имаа ефикасност од над 90 проценти, но со секоја појава на нова варијанта на коронавирусот, ефикасноста на вакцините опаѓа, вели микробиологот д-р Никола Пановски за Фактор.

– Се појавија сосема различно соеви на коронавирусот и токму тие се главната причина поради што поединци повторно се заразуваат иако веќе еднаш ја прележале болеста. И вакцините на почетокот имаа ефикасност од над 90 проценти, а сега, со секоја појава на нова варијанта, нивната ефикасност опаѓа. За сојот омикрон, на пример, вакцините едвај штитат 30 проценти. Сепак, важен момент е тоа што огромен број од луѓето кои прележале корона и сега повторно се заразени, не завршуваат во болница и не го оптоваруваат здравствениот систем. Тоа е така затоа што многу посилен имунитет стекнуваат луѓето кои веќе еднаш го прележале вирусот, отколку оние кои само се вакцинирани, а никогаш не се заразиле, објаснува д-р Пановски.