Д-р Пановски: Младите не треба да се ограничуваат со кови мерки засега

Пораснатиот број на инфицирани луѓе со коронавирусот во земјава, повторно го стави на маса прашањето дали и какви мерки се потребни за да се заштити јавното здравје.

Во изминатава недела, речиси секој ден бројот на инфицирани надминува 200 заболени на ден, а во соседството каде нашите граѓани најчесто одат на годишен одмор, КОВИД-19 зема се поголем замав и бројот на заразени константно е во пораст.

Во интервју за Нова Македонија, микробиологот проф. д-р Никола Пановски зборува токму на оваа тема.

Според д-р Пановски, младите не треба да се ограничуваат со мерки за вирусот, засега. Како што вели тој, поголем дел од младината веќе била инфицирана неколку пати со коронавирусот.

Поради моменталниот раст на заболени, тој истакна дека доколку би се вовеле дополнителни мерки за заштита, тие треба да бидат поделени по различни групи на ризик.

„Мерките требаше да се фокусуираат на ризичните групи на луѓе. Во насока на сугестија да не одат на места и хотели со гужви, да стават маска каде што има потреба, односно каде има поголема концетрација на народ. Возрасните и хронично болните треба да се чуваат и да се вакцинираат. Сепак, ќе видиме каква ќе биде состојбата во наредните месеци“, наведува микробијологот Пановски.

Д-р Злате Мехмедовиќ, портпаролот на Комисијата за заразни болести вели дека засега здравствениот систем може да одговири на сите потреби на граѓаните, па затоа во моментов нема потреба на воведување на дополнителни мерки за заштита од ширењето на КОВИД-19.