Д-р Пановски: На часовите без маски, студентите да се вратат на физичка настава поскоро

Ковид кривата ќе продолжи да паѓа и трендот на новозаразени ќе се намалува, вели миркобиологот Никола Пановски.

Тој во гостување на телевизја Канал 5 рече дека е време да се укине мерката за носење маски во училиштата.

-Сметам дека е време во училиштата да се тргнат маските. Денеска одат 30 ученици на роденден, истите од класот ќе се дружат два саати, а потоа пак утре ќе се видат на училиште. Здравствените власти да дадат препорака и студентите да се вратат на физичка настава. Одат надвор насекаде, а не одат на настава. Средношколците и студентите се цело време во кафулиња заедно, не ја гледам логиката. Најлошо е што студентите се уште се онлајн, што не се даде една посилна препорака, распоредите се веќе направени, мислам дека е нелогично да тие надвор одат секаде, а онлајн да одат на настава, потенцира д-р Пановски. 

Според професорот и понатаму треба да се штитат повозрасните и граѓаните кои што имаат хронични болести. Препорачува овие лица да примат бустер доза и им советува да избегнуваат кафеани, свадби и места со метеж на затворено.