ЦУК: Во последното деноноќие имало 35 пожари, активни се уште два

Во текот на вчерашниот ден противпожарните тимови интервенирале на 35 пожари, од кои 33 се веќе изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи.

Утрово се активни уште два пожара, во општина Македонски Брод, кај село Белица, месност Аргулица, каде што гори ретка борова шума на тешко пристапен терен и во општина Боговиње, кај село Ново Село каде се запалила мешана шума и ниска вегетација.