Цинк: 5 причини зошто е важен за нашето здравје

Цинкот се наоѓа секаде во нашето тело: нашите клетки, ткиво и органи, но најголем дел од него е во мускулите и коските.  Тој е важен минерал за нашето здравје.

Недостатокот од цинк придонесува кон слаб раст и развој кај децата, ниско либидо, губење на косата, а може да доведе и до намалување на апетитот, замор, раздразливост, како и бавно зарастување на раните и инфекции.

Ова се 5 причини зошто цинкот е важен за нас

Ја зголемува сексуалната желба

Ако имате ниско либидо, може да станува збор за ниско ниво на цинк. Некои истражувања покажуваат дека недостатокот на цинк е поврзан со ниско ниво на тестостерон кај мажите и естроген кај жените.

Ја подобрува кожата

Во едно истражување е откриено дека цинкот придонесува за намалување на проблемите кај кожата. Истата студија покажала дека редовното користење цинк придонесува за намалување на акните за 25%.

Помага за брзо лечење на раните

Недостатокот на цинк го успорува лечењето на раните и инфекциите, така што редовното земање цинк е многу корисно, особено во периодот на заздравување по операциите.

Сигурна заштита од сонцето

Многу истражувања покажуваат дека најдобрите креми за заштита од сонцето се оние кои во својот состав имаат цинк оксид. Тој помага за создавање физичка препрека на кожата и ја чува од сончевите УВ зраци.

Го подобрува нашиот имунолошки систем

Според многу истражувања, на нашето тело му е потребен цинкот за да го заштити имунолошкиот систем од различните заболувања и инфекции, особено во текот на постудените денови. Тој исто така може да го намали и траењето на настинката.