Лененото семе е богато со разни витамини, минерали, масни киселини и влакна кои ја нормализираат работата на цревата.

Тоа го чисти телото од токсини го намалува апетитот и количината на шеќер во крвта. Неговата моќ е во масните киселини кои ја активираат работата на лојните жлезди во телото, помаѓајќи во топењето на вишокот масти во организмот.

Чајот од ленено семе, препорачан од многу нутриционисти, исто така е делотворен кај пациентите со гастритис, чир во желудникот и хемороиди.

– 3 лажици ленено семе прелијте ги со 1 литар зовриена вода. Оставете ја смесата да отстои преку ноќта. Најдобро е да користите термос или шише. Ако немате користете тенџере со капак. Наутро процедете и ќе добиете малку слузава напивка.

Напитокот се зема 3-4 пати дневно по 150 мл половина час пред оброкот. Не правете залихи, бидејќи смесата мора да биде свежо приготвена за секој ден. Консумирајте го овој чај 10 дена, па после направете пауза од 10 дена и повторно започнете. Ова е добро темпо кое ве води коn здраво слабеење и регулирање на сите неправилности во вашиот организам.

Напомена: Доколку имате одредени здравствени проблеми, пред консумацијата на било кој природен лек, консултирајте се со вашиот лекар.