Четворица Македонци го освоија највисокиот врв во Јужна Америка- Аконкагва

Четворица македонци го освоија највисокиот врв на Јужна Америка- Аконкагва 6962м, ова го соопшти на социјалните мрежи “I love hiking“, Фејсбук групата. Од таму велат дека многу експедиции пробале да стигнат до врвот но се откажале од нивните намери поради силниот ветер и минусните температури. Во експедицијата освен Филип Христов ја сочинувале и Лазе Миновски, Зоран Успрцов и Зоран Николов.

- “Нашиот Фичо повторно на некој од крововите на континентите на нашата “Земја”. Овој пат искачен највисокиот врв на Јужна Америка - Аконкагва 6962м, каде за прв пат се вее и нашето клубско знаме, заедно со знамето на Македонија .

Во збор два со него, многу експедиции не успеале да стигнат на врвот и многумина се откажале но не и нашите тврдокорни македонци кои утринава стапнаа на врвот Аконкагва! Не биле спречени од братот “Ветерот” и минусните температури. Со многу напор како што вели тој, се најдовме горе! Честитки до нив и до големиот другар и пријател на клубот Филип Христов!“ се вели во објавата.