Македонскиот активист од Германија, Александар Бузлески, преку Фејсбук му одговори на конзулот Реџеп Демири за апелот за донации за справување со коронавирусот во Македонија.
„Почитуван наш конзул и сограѓанину Rexhep Demiri
Со оглед на тоа дека меѓу останатите 20 организации и лица во Германија, сте ме удостоиле лично да ми се обратите со официјален апел за донации, еве и јас да Ве удостојам јавно да ви се заблагодарам на честа, и воедно јавно да Ве прашам:
-Каде бевте кога го блокиравме центарот на Франкфурт и демонстриравме против договорот од Нивици?
-Каде бевте кога го блокиравме Бон и демонстриравме против договорот од Нивици?
-Каде бевте кога владата која Ви ја дала таа функција ја сатанизираше дијаспората?
-Каде бевте кога флагрантно пробаа да ни го одземат правото на глас на претстојните вонредни парламентарни избори? ……
Иначе ние секогаш сме помагале и ќе помагаме, но само директно на оние кои насушно имаат потреба од помош…
Како да донираме на сметка со која раководат недомаќини?
Поздрав и убава вечер наш сограѓанину…“, објави на својот профил еден од најзаслужните за признавањето на македонските возачки дозволи од Германија, кој expres.mk го претстави во февруари.