Граѓаните никако да здивнат од поскапувања.
По одлуката на некои компании да го поскапат лебот за десет проценти граѓаните стравуваат дека зголемувањето на цените тука нема да запре.
Велат дека кога треба нешто да поскапи тоа се прави веднаш, но кога треба да се спуштат цените оди тешко.
Белиот и полубелиот леб добија нова цена за десет отсто повисока.
Од мелничко пекарската индустрија објаснуваат дека причина за ваквата состојбата е зголемувањето на цената на пченицата на берзите.
Но оптимисти се дека ќе има добра жетва и состојбата ќе се подобри бидејќи најавуваат враќање на старата цена на лебот.