Бошњаковски: Да се ослободат трудниците и луѓето постари од 60 години од доаѓање на работа

Портпаролот на Владата на РМ, Миле Бошњаковски излезе со нови предлог-мерки, кои треба да ги направат приватниот и државниот сектор.

„Денеска и утре, сите државни и јавни институции од работни обврски мора да ги ослободат трудниците, луѓето постари од 60 години како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста. Истото му се препорачува и на приватниот сектор. Ослободени од работа се и онколошко болните и оние со кардиоваскуларни и респираторни заболувата“, напиша Бошњаковски на својот профил на Твитер.