Деновиве се најавува студен бран во Македонија: Заштитете се, посебно да внимаваат трудниците и старите луѓе

Се препорачува да се избегнува практикување физичка активност на отворено, а при движење особено да се внимава на лизгави површини.

На целото население се препорачува особено внимание да се посвети на заштита на здравјето, особено носење топла повеќеслојна облека, соодветни обувки за снег и мраз, почеста консумација на топли напитоци и редовно земање терапија кај хронично болните лица.

Во случај на настинка и потешкотии на дишењето, граѓаните веднаш да се јават кај својот матичен лекар. 

Вонредна состојба е на сила во Нови Варош, Лучани, Рашка и Ивањица, а исто така и во Краљево и Ариље во Србија. 

Причините за прогласување на вонредна ситуација се непроодните патишта, што предизвикало отсеченост на домаќинствата, невозможност да да се одржуваат ниту настави во училиштата и отежнато е снабдувањето со електрична енергија.

Од „Патишта Србија“ информирале дека сообраќајот на државните патишта во земјата се одвива отежнато и дека 1.800 лица од нивната екипа се излезени на терен со сите расположиви машини и камиони за посипување и чистење на снег.

Врнежите од снег не запираат. Се апелира граѓаните да не излегуваат до дома ако немаат потреба.