Болките во телото откриваат што ни недостасува во животот

Болките во телото најчесто се јавуваат како резултат на повреди или пак лошо седење или долго стоење. Но, некогаш тие се знак за работите кои ни недостасуваат.

Photo by Ivan Aleksic on Unsplash

Главоболка

Главоболките и мигрените се најчеста последица од стресот и секојдневното оптоварување. Ако редовно страдате од главоболки и мигрени, важно е да сфатите дека можеби некогаш преземате повеќе обврски од што можете да завршите. Затоа, важно е секој ден да наоѓате време за релаксација, без оглед на тоа дали е топла купка, прошетка, вежбање или пак едноставно лежење и слушање на вашата омилена музика.

Болки во вратот

Ваквиот проблем би можел да значи дека ви е тешко да простите некому или пак себеси. Ваквата болка е најчеста кај оние луѓе кои во себе чуваат огромна лутина и бес кон некому и на кои им е тешко да се ослободат од таквите чувства. Иако не е едноставно, треба да знаете дека некогаш простувањето значи дека ќе си направите услуга и ќе си помогнете себеси, а не на другата личност.

Болка во рамењата

Постојаната болка во рамењата може да значи емоционален товар, некоја мака која никако не ви дава мир. Во нашиот јазик постои изреката „ да се тргне товарот од рамењата”  што токму и тоа го означува. Ако се соочувате со ваква болка, соочете се со проблемот кој ве мачи и направете активен напор да го решите и да продолжите напред.

Болка во грбот

Ваквата болка во телото значи дека можеби ви недостасува емоционална поддршка, дека веројатно се чувствувате осамено, како да немате никој во најважните ситуации. Ова можеби е ваш знак да излезете и да поминете време со луѓето кои ви значат, но и да се отворите за нови познанства. 

Болка во кичмата

Ваквата болка може да се јави како последица на постојаната грижа за финансии. Не е лесно да се надмине ваквиот проблем особено ако не заработуваме доволно, но можеби едноставна промена во некои навики би можело да ви помогне од овој аспект.

Болка во колковите

Ова значи дека се плашите од промени, се плашите да направите чекор напред бидејќи ви е страв од непознатото. Доколку се наоѓате пред некоја голема одлука која ја избегнувате подолго време, ваквата болка е јасен знак дека треба конечно да се решите.

Болка во стопалата

Еден од знаците на депресија е и болката во стопала. Песимистичкото гледање на работите како и долготрајната негативност можат да се манифестираат на овој начин. Не е секогаш лесно, но потрудете се да најдете некаква радост во вашиот живот.