Бислимовски: Струјата од први јануари нема да поскапи ако ЕСМ си ја заврши својата работа!

Претседателот на РКЕ Марко Бислимовски во интервју за „Денар“ вели дека трсујата од први јануари нема да поскапи ако ЕСМ си ја заврши својата работа!

-За да има корекција на цената на електрична енергија треба да има прво барање за тоа. Но, прво треба да се направат сите напори, да се обезбедат сите потребни ресурси, да се обезбеди јаглен, мазут, поевтин природен гас, за да може да обезбедиме електрична енергија како држава за да им се помогне и на компаниите кои се излезени на слободниот пазар на електрична енергија како и на јавните комунални претпријатија кои се излезени на слободниот пазар на електрична енергија. Прво треба да видиме колку ќе не чини таа енергија од Бугарија, па се најавува дека ќе се обезбеди поевтин природен гас. Да го видиме тоа па на крајот ќе видиме што ќе ни достави ЕСМ. ЕСМ треба да се јави на тендерот на ЕВН ХОМЕ за од први јануари да помогне и за загубите во дистрибутивната мрежа, и во преносната мрежа, па дури потоа ќе видиме. Најдобро би било, секој да си ја гледа својата работа. Регулаторната комисија за енергетика ќе анализира дали воопшто има потреба за зголемување на цената. Сега сме септември, рано е, да ги видиме бројките какви ќе бидат, вели тој во интервјуто. 

Тој потенцираше дека ниту едно домаќинство, нема да биде исклучено од системот за водоснабдување, бидејќи тоа е забрането со  правила.

-Ние и да ја зголемине цената, во зависност од јавното претпријатие, нема да дозволиме драстично зголемување на сметките бидејќи луѓето ќе престанат да плаќаат. Екстремно зголемување не е решение на проблемот. Ќе се намали процентот на наплата, и на крајот на денот овие јавни комунални претпријатија, пак ќе го имаат истото ниво на собрани пари од наплата, појаснува Бислимовски.