Безбедно пронајдени и евакуирани граѓани од височините на Осоговските планини

Вчера, во 16.15 часот од лицето за контакт од Доброволнота спасувачка служба „Осогово“ Кочани, ЦУК добил известување дека неколку лица враќајќи се од настан на „Царев Врв“ на Осоговски планини имале дефект на возилото и истите побарале помош.

Даден бил совет лицата да се јават на бројот 112 за да се утврди нивната локација.

Откако се лоцирани, лицата биле пронајдени во добра состојба и истите со возило на ДСПС „Осогово“ се вратени во викенд населба ,,Пониква”.

Нивното возило заради дефект е оставено на местото каде се најдени и дополнително ќе го отстранат сопствениците, информираат од ЦУК.