Македонски државјанин чека на евакуација од Нигер

Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека еден македонски државјанин чека евакуација од Нигер.

МНР апелира до граѓаните да избегнат патувања во Нигер поради влошената безбедносна ситуација.

- Поради влошената безбедносна ситуација во Нигер и можноста од ескалација на истата, Министерството за надворешни работи упатува апел до државјаните на Северна Македонија да избегнуваат патување во Нигер, додека на оние кои се наоѓаат во територијата на Нигер, а имаат можност да ја напуштат земјата, да го направат тоа веднаш, се вели во соопштението на МНР.