МНР: По евакуацијата од земјотресот во Мароко, македонските државјани пристигнаа во Мадрид и се во добра здравствена состојба

По земјотресот кој се случи во петокот на планинскиот венец Висок Атлас во Мароко, нешто по 23 часот по локално време, на релативно мала длабочина од 18,5 километри, со епицентар на 72 километри југозападно од Маракеш, двајцата македонски државјани кои беа евакуирани во безбедносен камп, сега се во Мадрид и се во добра здравствена состојба, информира Министерството за надворешни работи.

-Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Северна Македонија кои во моментот се наоѓаат во Мароко и имаат потреба од конзуларна асистенција, да се јават на дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +20 103 361 5542 и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732, се додава во соопштението.

Македонските граѓани се очекува да се упатат кон своите домови во многу скоро време. Од МНР додаваат дека во изминатите два дена нема нови пријави за други наши државјани во Маракеш и најавија дека продолжува комуникацијата со надлежните институции во Мароко, за евентуални други македонски државјани.