Бесплатни ехо-прегледи за рак на дојка во тетовско

Почнаа бесплатните прегледи во Здружението на пензионери во Тетово со цел откривање на рак на дојка, кои ги спроведува д-р Павле Спасеновски.

Активноста се организира по повод Неделата за борбата против ракот на дојка, а прегледи ќе има во четврток и петок.

Д-р Спасеновски упати апел до жените и девојките да ја искористат оваа можност затоа што сè почесто има заболени луѓе од оваа болест.

Докторот кажа дека рак на дојка може да се откри и кај мажи, а досега открил пет такви случаи во тетовско во текот на неговата работа.