„Бајага и инструктори“ на 30.јули со концерт во Антички Театар - Охрид

„Авалон продукција“ го најавувуваат концертот на  легендарните „Бајага и Инструктори“ на еден од апсолутно најубавите простори во нашата држава- Антички театар Охрид, на 30. јули. 

По подолго време, една од сигурно не само најголемите, туку и најактуелни регионални ѕвезди Момчило Бајагиќ - Бајага со својот бенд се враќа во Охрид за илинденските празници, да ни го сервира својот безвременски каталог на раритетно убави песни, велат организаторите. 

 Дали можете да замислите како во античкиот театар во Охрид ќе звучат „Зажмури“, „Са друге стране јастука“, „Плави сафир“...

Влезниците во ограничен број се веќе пуштени во продажба, а цените за истите се движат од 1.000 и 1.500 денари. Концертот е со почеток во 21ч. 

Asics footwear | Nike News