Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, изврши увид во градежните активности на улиците „4 Јули” и „Даутица”.
Тој информира дека напредува изградбата на атмосферската канализација на улицата „ 4 Јули“, додека на улицата „Даутица“ се поставува и подземна инсталација за оптички интернет.