Арсовска: Во програмата „За модерно Скопје“ се содржани проекти за изградба на 5 булевари

Навистина ни е неопходно да имаме квалитетна, непречена инфраструктура за велосипедистите, за пешаците. Тие треба да се приоритет и тоа треба да се стимулира што е можно поактивно, а меѓутоа она кое што го гледам и денеска затоа што е врнежливо е дека во овој момент сообраќајот е во хаос, меѓутоа во хаос сме ние 365 дена, наназад години.Така што верувам дека сообраќајните решенија коишто се неопходни да го растеретат хаосот во Скопје треба да се имплементираат што е можно поскоро, вели Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Град Скопје во вчерашното гостување на ТВ АЛСАТ М.

Арсовска нагласи дека во нејзината програма „За модерно Скопје“ се содржани проекти за изградба на 5 булевари коишто ќе значат решавање на сообраќајниот хаос и метеж во Скопје.

Затоа кај мене во програмата има 5 булевари кои ќе го сторат токму тоа во следниот период, и тоа почнувајќи со булеварот Хрватска од Бутел до Автокоманда, булеварот Словенија неговопродолжување до Ѓорче Петров и со ова практично со овие два булевари ќе се дооформи онаа внатрешна, ако може така да се каже обиколница, по кој ќе се растерети и голем дел од сообраќајот во овој дел од градот. Метрополит Теодосиј Гологанов од Гоце Делчев студентскиот дом, до местото каде што се спојува со булеварот Ѓорче Петров ќе има негово проширување во четири ленти, и тоа ќе биде една функционална делница тука каде што нема да има застој, како што има секој ден. Борис Трајковски до Драчево четири години стои во место, сега има толку многу големи гужви и како што напоменавте сообраќајки таму што навистина е штета. И последно подземната сообраќајница со кружници кај Нова Македонија и кај Рампа ќе биде поврзано. Да не заборавиме дека ќе има и едно ново практично булеварско решение почнувајќи од сега новиот мол кој што ќе се движи до натпатникот кај Старата скопска чаршија којшто ќе овозможи растеретување на сообраќајот на овој дел од градот, посочи Арсовска.