Данела Арсовска прогласи победа на локалните избори во главниот град на штотуму одржаната прес-конференција.
На почетојот таа се заблагодари за поддршката. Рече дека по тешките битки во кампањата, немала противник само во стариот градоначалник Шилегов туку и како што рече во премиерот во заминување.
- Голема благодарност што ми ја дадовте довербата. Не можам да ја изразам мојата радост и колку ми значи што сите вие скопјани ги поддржавте мојата визија и моите проекти и што ми ја дадовте вашата дoверба да го водам Град Скопје во наредните четири години, рече Арсовска вечерва.
Се заблагодари за поддршката од жителите на главниот град и рече дека од утре се тргнува во борба за почист град и за нејзините проекти.
Арсовска се заблагодари на своето семејство кое ја поддржуваше во текот на кампањата.