Арсовска ќе биде носител во изборната единица 1

Партијата Нова Алтернатива со која раководи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ќе учествува на претстојните парламентарни избори во сите шест единици, а таа ќе ја предводи листата во Изборна единица 1. 

Ова денеска го соопшти лидерката на партијата во телевизиско гостување.

Прашана дали ќе се кандидира за претседател, децидно одговори со „не“.

- Кој ќе биде кандидат за претседател или кои ќе бидат луѓето, органите на партијата ќе го кажат. Треба да се разговара. Ќе учествуваме на овие избори со сите капацитети, за да им покажеме на граѓаните дека може поинаку и често да се работи, рече Арсовска во емисијата „Студио 10“.