ВМРО-ДПМНЕ: Денес коалицијата на Данела Арсовска, Александар Трајановски и Ирина Витина беа против градбите на градинки и спортско игралиште

Денес коалицијата на Данела Арсовска, Александар Трајановски и Ирина Витина беа против градбите на градинки и спортско игралиште, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. 

-  Таквите подизведувачи на деструктивните политики на СДС беа против точките на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за ослободување на комуналии за градба и дограба на:

1.ООУ „Блаже Конески“ во Општина Аеродром;

2.Надградба на детска градинка „Изворче“ во Општина Аеродром;

3.Доградба на ЈДГ „Весели Цветови“ на општина Кисела Вода во Град Скопје, објект КОКИЧЕ;

4.Затворено спортско игралиште на ул.„Саса 2“ бр. бб, населба Пинтија – Општина Кисела Вода;

5.Уредување на градежно земјиште за изградба на ООУ „Крсте Мисирков“ во општина Гази Баба.

Оттаму велат дека ваквите деструктивни политики на, како што велат, пиунот на СДС и ДУИ Арсовска се продолжение на погубните политики во Град Скопје.

- Тие беа против парите на граѓаните да стигнат таму каде се наjпотребни, но и покрај противењето на Арсовска, Витина и Трајановски точките од мнозинството советници беа донесени, порачаа од партијата.