Апсење за марихуана во Скопје, фатени 4 млади момчиња

Во текот на изминатиот викенд полицијата апсеше за дрога на повеќе локации во Скопје. Уапсени се 4 млади лица. 

-На 07.11.2022 во 00.25 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Д.(26) од Скопје, затоа тоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја.

-На 06.11.2022 во 23.15 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.В.(23) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

-Синоќа во 22.50 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Б.(24) од Република Албанија затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

-Во соопштението од МВР стои дека вчера во 16.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ј.(20) од Велес затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на сите овие случаи против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.