Полицијата при претрес во Волково, пронајде дрога, приведе дилер

Вчера во 15.10 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје го уапсиле И.К.(31) од Волково. Откако му бил направен претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, била пронајдена и одземена марихуана.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.