Апсења на неколку локации низ Скопје поради дрога

Полициските службеници во текот на вчерашниот ден интервенирале на повеќе локации низ Скопје.

Најпрво во 12.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Потоа во 14.00 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(52) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен хероин.

Во друг случај во 21.20 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н.(34) од Скопје. При претрес во домот каде престојувал на подрачјето на Центар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и вага.

Уште еден случај во 21.20 часот е регистриран во Градскиот парк во Скопје, каде што полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Т.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Потоа во 22.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.

И последниот случај е регистриран во 23.10 часот на подрачјето на Центар, каде што полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.А.(22) од Р.Турција, со престојувалиште во Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.

По целосно документирање на случаите ќе биде поднесен соодветен поднесок.