Апоклиптични слики од салата „Партизан“ која и натаму е тема на предизборни ветувања

Од групата на граѓани „Независни За Карпош - За Заштита На Карпош“ алармираат дека спортскиот објект Партизан во Карпош 3 кој е во лоша состојба и натаму е тема на предизборни кампањи. 

-За време на минатите локални избори беше една од главните теми со ветувања дека ќе биде реновиран. И овие избори ќе има исти ветувања. Во меѓувреме на Партизан му ставија евтини и неефикасни решетки на прозорците, станува сè поруиниран, кошаркашкото игралиште стана паркинг, а општината објави убав ЦГИ како планираат да изгледа, велат членовите на ова група кои порачуваат дека нивна цел е да не се дозволи Партизан да остане тема за предизборни кампањи, туку конечно да се реши.

-Уживајте во галеријата на апоклиптични слики од Партизан, порачаа дел карпошани кои споделија фотографии од руинираниот објект.