Апел: Граѓаните да се воздржат од палење огин на отворено и од фрлање догорчиња

Се апелира до граѓаните на Република Македонија за повниматено однесување во период кога е зголемена опасноста од избивање пожар на отворен простор.

„Се апелира до граѓаните на Република Македонија претстојниот период да бидат повнимателни и да се воздржат од палење огин на отворен простор, особено палење стрништа, фрлање догорчиња, бидејќи шумите се наше најголемо богатство и треба да направиме сè за да ги заштитиме“, се вели во апелот од Дирекцијата за заштита и спасување.