Апел до несовесните возачи: Едно возило - едно паркинг место (Фото)

ЈП „Градски Паркинг“ Скопје испрати апел до дел од возачите кои не се паркираат во просторот кој е наменет за возилата, односно зафаќаат две или повеќе паркинг места со едно возило.

Од претпријатието сметаат дека непрописното и неодговорното паркирање т.е. едно возило на две паркинг места е главната причина за намалениот број слободни места за паркирање.

- Поради тоа апелираме до корисниците да се однесуваат совесно и одговорно во сообраќајот, особено при паркирање на своите возила да бидат внимателни и да паркираат во рамки на означените паркинг места. Со тоа правилно и рационално ќе се искористи целиот паркинг простор, наместо беспотребно да се окупира повеќе од едно место и ќе се овозможи подобар проток на возила на паркиралиштето. Упатуваме апел до сите корисници на паркиралиштата со кои стопанува ЈП „Градски паркинг“- Скопје: Паркирајте совесно и одговорно- Едно возило- едно паркинг место, информира ЈП „Градски Паркинг“.