Внимавајте каде паркирате: „Пајакот“ крена 121 возило во Центар

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционирале 235 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Во периодот од 13 до 19 март 2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 121 непрописно паркирано возило, а со поставување на механичко средство блокатор санкционирани се 114 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопшти ЈП за јавни паркиралишта Паркинзи на Општина Центар.