Опожарено возило на Рузвелтова

На 25.06.2021 околу 03.05 часот во СВР Скопје пријавено било дека на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „бмв 530“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.С.(64) од Скопје.

Од пожарот делумно било зафатено и патничко возило „рено меган“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Д.(38), се вели во Билтенот на МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје.