Откако ја шокираше јавноста со веста дека е бремена и се мажи, младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска ја промовираше својата нова песна и спот за истата, во соработка со Пајак.
Песната носи назив „Хабиби“, а музиката и стиховите се авторско дело на Христијан Настески познат под естрадно-уметничкиот прекар Пајак .
„Малку авантура, малку љубов, малку стрес, заради тие очи паѓам jaс на грев…“ - се дел од песната која ветува дека ќе биде хит.
Слушнете како звучи и погледнете го спотот за најновото од Антониа и Пајак: