Албански државјанин баран од Интерпол уапсен во Скопје

На 21.09.2023 во 17.00 часот во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишиле од слобода Н.Н.(44) од Република Албанија поради тоа што се барал по меѓународна потерница од Интерпол Грција.

Тој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода, по што бил спроведен во Основен кривичен суд Скопје 1 за понатамошна постапка, соопштуваат од МВР.