Ако ви се случува ова, веднаш сменете ја диетата која ја држите

Постојат огромен број диети кои ветуваат брзо симнување на неколку килограми за една седмица, но откако ќе ги пробате гледате дека не се успешни.

Експертите предупредуваат дека не треба тукутака лесно да почнувате диета за брзо намалување на килограмите, бидејќи таквиот начин на живеење може повеќе да ви штети отколку да ви донесе добро. Иако постојат голем број диети, во суштина сите тие нудат намалување на внесените калории по оброк. По некое правило, откако прекинувате со овие диети, задолжително се враќаат килограмите побрзо отколку што биле изгубени.

За да не го губите времето залудно, обидувајќи се да ослабете со неадекватна диета, ова се неколку знаци кои ќе ви помогнат да одредите дали одреден начин на исхрана ви одговара или не.

Чувство на глад

Еден од најјасните знаци за неадекватна диета е чувството на глад. Ако за време на придржувањето до одредена диета чувствувате неподнослив глад, тогаш таа диета не е за вас. За една диета да одговара на вашите потреби, чувството на силен глад не смее да постои.

Лошо расположение

Генерално, диетите во кои неколку производи се консумираат пет или повеќе денови по ред, тогаш таа исхрана не е за вас. Тоа значи дека вие го лишувате телото од различни и неопходни витамини и минерали. Ова без сомневање влијае на здравјето и нормалното функционирање на организмот. Недостатокот на хранливост во исхраната директно влијае врз расположението. Недостатокот на витамин Б или магнезиум може да предизвика депресија.

Влошување на здравствената состојба

Диетата која не ви одговара може да ви го наруши здравјето. Оваа опасност е особено изразена кај диетите кои траат подолг временски период. На пример, протеинската диета ја намалува тежината брзо, но големиот број протеини во исхраната ги исцрпува бубрезите и црниот дроб.

Изглед

Една недела од почетокот на диетата, можеби ќе забележите дека изгледате полошо. Кожата ви добила некоја сива нијанса, косата може да ви стане крута и без сјај, а ноктите лесно ќе ви се оштетуваат. Ова се сигнали дека на вашето тело итно му се потребни протеини, витамини и минерали.

Монотона исхрана

Можеби најлош тип диети се оние базирани на само една намирница. За да функционира нормално, на телото му е потребна одредена количина на маснотии, протеини, јаглени хидрати, минерали и витамини. Ако јадете само еден тип намирници, тоа нема да ви ги обезбеди неопходните хранливи материи. Психичкиот статус нема ни одблиску да ви биде сјаен, бидејќи монотоната исхрана значи и монотон живот.

Листа со неопходни услови за правилно одбрана диета:

  • Не треба да предизвикува несакани појави
  • Треба да е безбедна за човековото тело
  • Намалувањето на тежината треба да биде во рамките на нормалата
  • Намирниците треба да ги содржат сите хранливи материи (аминокиселини, минерали, витамини и масни киселини)
  • Неколку дена откако сте ја започнале диетата, не треба да чувствувате глад

Секогаш консултирајте се со стручно лице за целата диета да помине во најдобар ред, а вие да ги изгубите вишокот на килограми.