Ако на јавни површини забележите супстанции кои се опасни за животните веднаш пријавете во полициската станица

Во Република Македонија во овој период се регистрирани голем број на труења на напуштените животни со храна. Надлежните, претставниците на Здруженијата за заштита на животни, како и многу љубители на животни постојано упатуваат апел до граѓаните похумано да се однесуваат. 

За да се спасат бездомните кучиња во Аеродром, надлежните преземаат голем број на мерки. 

Доколку некаде на место кое е достапно за животните забележите супстанции кои сметате дека се опасни, веднаш јавете се во полициската станица на Аеродром на телефонскиот број 02/2432 362 или на дежурниот телефон 075 316 515 од 08:30 до 22:00 часот. Доколку го забележите отровот, во никој случај не ја допирајте супстанцијата и не ја напуштајте локацијата додека да пристигнат претставниците на полициската станица.  

Инаку Општината има акција за собирање бездомни кучиња од локации каде е потребно во соработка со граѓански активисти и стационерот Вардариште. Исто така работат во насока на трајно решение со овој проблем.

Општината Аеродром особено апелира да не се користи отровот бидејќи претставува сериозна опасност за бездомните животни, како и за милениците и децата кои се играат секој ден во парк.