Ако мислите да ги вратите „кантите“, подобро ни е без автобуси, реагираат граѓаните

Приватните превозници по долга пауза повторно се вратија на скопските улици, откако постигнаа нов договор со Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) - Скопје, но дел од граѓаните не се среќни поради тоа.

Дел од граѓаните се жалат дека не им се потребни стари автобуси во кои нема клима, не се отвораат прозорците и хигиената е на ниско ниво.

-105 модерни еколошки автобуси или 105 „нашминкани канти“ ќе возат низ скопските улици?

-Со нови возила се враќате или со тие што се за во отпад?

-Ајде баш да ги видиме тие автобуси и односот на возачите. Мора да пуштаат клима и да ги чистат автобусите, а не да отвораат врати додека возат за да влегува воздух, така ли ќе одиме во Европа?

-Подобро беше без нив, ова враќањево стана историско, исто како влегувањето во ЕУ.