Колозова за јавниот градски превоз: Вратени сме во 1992 година

Професорката Катерина Колозова остро реагираше на проблемот со автобусите на ЈСП.

Колозова вели дека автобусите доцнат и таму каде што претходно не возеле приватните превозници, кои сè уште не се вратени во јавниот сообраќај.

-Колку линии се укинати со укинувањето на приватните? Зошто ЈСП на линии кај имал свој (не приватен) автобус на секои пет минути сега нема ни на 30? Како да функционираат сите „примитивци“ кои, ете, немаат ни кола ни знаат да возат точак? Овој град има право на вистински јавен транспорт, каков што имаше и добро функционираше. Не ми е јасно зошто никој не протестира дека сме вратени на ниво 1992, како во динамика така и на план на почитување распоред на автобуси, вели Колозова.