Акција за темелно чистење на јавните паркинзи на „Митрополит Теодосиј Гологанов“

Утринава се спроведе акција за темелно чистење на јавните паркинзи долж булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр.90.

-Ја изразуваме нашата благодарност до граѓаните од околните згради, кои ги отстранија своите возила од паркинзите и овозможија непречено спроведување на акцијата,велат од општина Карпош.

Општина Карпош апелира на поголема грижа за животната средина од страна на сите граѓани и чинители, а локалната самоуправа продолжува секојдневно да се грижи за јавната хигиена.