Администрацијата ќе работи од дома за цела плата

Иста плата за работа од дома. Примањата на админстративците засега нема да се кратат. Вицепоремриот Битиќи уверува дека иако се дома,  државните службеници  сепак работат и тоа онлајн  и нема зошто да се кратат платите. Во изминатиов период граѓаните  постојано се жалеа  дека  и додека работеа од канцеларија тешко можеа да завршар работа, а сега кога  функционираат од дома  очекуваат  уште потешко да  вадат документ. Одлуката  дел  да работата од  дома,  владата ја донесе  како превенција од ширењето на вирусот. Буџетарите за иста плата работеа од дома и кога се појави коронавирусот.

Како превенција од ширење на заразата, владата вчера одлучи угостителите да можат да работата до 21 часот.  од секторот се пожалија дека подобро е да ги затворат објектите а и голем бдој ќе останата без работа.  Но министерот Бектеши уверува дека се следи  состојаба, опфатени се со сите мерки  и ако има потреба ќе се донесат и нови пакети.

Одлуката целосно да  биде покриено боледувањето на болните од ковид , ќе важи и за   приваниот  и за  јавниот сектор.  Првите 15 дена ќе ги покрие работодавецот, потоа целата работа ја превзема фондот.

Заедно со буџетарите ослободени од работа беа и родилките, мајките на деца до 10 години и хронично болните. Но, тие сега се вратени на работните места, додека административците лебот го печалат од дома.