77-годишен возач од Битола прегази пешак

Вчера во 10.43 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од булевар „1 Мај“ и ул.„Столарска“ во Битола, патничко моторно возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(77) од Битола, удрило во пешакот Д.Ј.(53) од Битола.

Во несреќата Д.Ј. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.