“Почетоци за паметење 1948-1956” е наслов на изложбата која се реализира во рамките на одбележувањето на јубилејот “Седумдесет години Национална галерија на Македонија”, а која македонската публика ќе има можност да ја види во објектот Даутпашин амам, на 5 декември во 20 часот.

На изложбата ќе бидат претставени 150 листови оригинална архивска документација од 1948 до 1956 година, кои сведочат за успешната приказна поврзана со формирањето на галеријата, галериската збирка и начинот на раководење.

Ова претставува потсетување за огромниот вложен напор, не само од страна на тимот кој ја водел Уметничката галерија, туку и од страна на државните институции кои несебично и со голема одговорност дале поддршка и придонеле Националната галерија денес да прерасне во храм на уметноста и двигател на културниот живот во Македонија.