Изложбата „Меѓу сонот и јавето“ вечерва во галеријата „Ко-Ра“

Вечерва, во галеријата „Ко-Ра“ при Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје ќе биде отворена изложбата на фотографии и графики „Меѓу сонот и јавето“ од М-р Марија Светиева и Виктор Бранѓолица.

„Изложбата изненадува со својот избалансиран ритам на една компактна, впечатлива, инспиративна целина“, за Радио МОФ вели историчарката на уметност Виолета Калиќ, стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура Домот на културата.

Изложбата ќе се отвори во 18:00 часот.