Изложба „50 години светска галерија на карикатури (1969-2019)“

На 22 ноември (четврток) во 19 часот во Национална галерија на Македонија Чифте амам Скопје ќе биде отворена ретроспективна изложба „50 години светска галерија на карикатури (1969-2019)“, како и изложба на 270 селектирани меѓународни уметници од „Остен“ биеналето на цртеж Скопје 2018.

На настанот ќе бидат врачени награди и признанија на наградени уметници, карикатуристи и соработници на „Остен“.

Настанот е под покровителство на премиерот Зоран Заев и тој ќе ја отвори изложбата. На отворањето ќе присуствуваат и уметници и карикатуристи од целиот свет.